Казахстанските медиуми пишуваат дека за време на насилните протести загинале најмалку 164 лица.
Во претходните извештаи беше објавено дека животот го загубиле 44 лица.
Претседателскиот кабинет на Казахстан соопшти дека се уапсени околу 6.000 луѓе, меѓу кои и значителен број странски државјани.
Протестите, кои започнаа во западниот дел на Казахстан поради зголемувањето на цените на течниот нафтен гас (ТНГ) на 2 јануари и влошувањето на социо-економската состојба во земјата, за кратко време се проширија во западните и јужните провинции на земјата.
За време на демонстрациите имаше судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите, кои прераснаа во војна. Во Алмати демонстрантите запалија полициски возила и заземаа јавни згради, ги нападнаа граѓаните со оружје.
Претседателот на Казахстан Касим Комерт Токаев ја прифати оставката на владата која е одговорна за протестите.
Со ширењето на протестите, низ целата земја беше прогласена вонредна состојба. Како резултат на окупацијата на јавни згради од страна на демонстрантите и нивната употреба на оружје, администрацијата на Нур Султан им нареди на безбедносните сили да дејствуваат.
Токаев на 7 јануари објави дека е воспоставен уставниот поредок во сите региони на земјата. Најинтензивна и најдолга операција на безбедносните сили во Казахстан беше во Алмати.
