Помилуван е активистот Хомер Плеси, кој беше уапсен пред 130 години во САД затоа што купил билет за воз „само за белци“ и одбил да излезе од возот.
Гувернерот на Луизијана Бел Едвардс потпиша помилување во близина на старата железничка станица каде што беше уапсен Плеси.
Во 1896 година, највисокиот суд на САД пресудил против Плеси, кој не се симнал од возот „само за белците“ во Њу Орлеанс во 1892 година.
Процесот на помилување за Плеси го водеше канцеларијата што ги поднесе обвиненијата.
Гувернерот на Луизијана Едвардс рече дека Плеси никогаш не требаше да биде осуден.
„Но, времето на правдата не истекува“, рече тој.
Чевларот Хомер Плеси починал во 1925 година со криминално досие.
