Вести Македонија Свет Топ вести

Бајден го честиташе Илинден на македонските Американци во САД

Од мое и име на сопругата Џил испраќаме честитки до македонско-американската заедница по повод празникот Илинденско востание од 1903 година и антифашистичката декларација од 1944 година, стои во соопштението од синоќа на Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД.

Бајден, кој со актуелниот претседател Доналд Трамп, ќе се бори на изборите годинава во ноември како кандидат на Демократската партија, во честитката по повод Илинден ја нарече нашата земја „пријател и сојузник“.

– Овие настани го трасираа патот за една суверена, плуралистичка и  мултиетничка република, длабоко почитуван и ценет член на евроатлантската заедница кој САД со гордост го нарекуваат пријател и сојузник, порача поранешниот потпретседател на САД.

Македонските Американци го имаат зацврстено и збогатено американското општество уште одамна, укажа тој.

– Како пријател на македонските Американци, јас заедно со вас ги славам вашите успеси. Вие сте потсетник дека САД остануваат светилник на надежите, слободите и можностите, истакнува Бајден.

Бајден додаде дека како претседател, со нетрпение очекува да работи со, како што стои во соопштението, вашата заедница за да се постигнат целите за уште помирна, просперитетна евроатлантска иднина на целиот регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе