Вести Свет

Милијардерката Елизабет Холмс обвинета за измама на инвеститори

Основачот на корпорацијата Теранос, Елизабет Холмс е обвинета за измама на инвеститори, по повеќемесечно судење во Калифорнија.

Обвинителството ја обвини Холмс дека свесно лажела за технологија која наводно може да открие болести врз основа на анализа на неколку капки крв, пренесува Би-Би-Си.

Поротата ја прогласи Холмс за виновна по четири точки од обвинението, вклучително и заговор со цел измама на инвеститори и по три точки за поврзана измама.

Обвинетата ги негираше обвинувањата на обвинителството, за што е предвидена максимална затворска казна од 20 години.

Таа не е приведена, а датумот на изрекување на пресудата се уште не е потврден, но следното рочиште е закажано за следната недела.

Холмс е обвинета по вкупно 11 точки, а ослободена е по четири точки од обвинението кои се однесуваат на измама на јавноста.

Поделената пресуда следува откако судијата побарал поротата, која расправаше седум дена, да донесе делумна пресуда бидејќи не успеала да се усогласи и да постигне консензус за трите точки од обвинението.

Корпорацијата Теранос во еден момент беше проценета на девет милијарди долари, а таа компанија порано беше популарна во Силиконската долина, бидејќи најави револуционерен напредок во медицинската индустрија.

Меѓутоа, новинарското истражување на Волстрит џурнал во 2015 година покажа дека основната технологија на Теранос за тестирање на крвта не функционира, по што корпорацијата почна да го губи кредибилитетот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе