Вести Свет

Најмалку 30 загинати и 100 повредени во пожар на траект во Бангладеш

Најмалку 30 лица загинаа во пожар што зафати патнички траект во јужен Бангладеш, соопштија локалните власти. Стотици лица беа повредени.

Официјалниот претставник на пожарникарството Фарид Удин Бујан рече дека пожарот избувнал на траектот МВ Обхијан-10 во раните утрински часови во петокот.

Фериботот пловел по реката Суганда во областа Џалакати, на околу 150 километри југозападно од главниот град Дака.

Се верува дека пожарот избувнал во моторната соба на траектот и брзо се проширил низ бродот, така што многу патници скокнале во реката, рече Бујан.

Се проценува дека околу 300 патници биле на траект кој пловел кон јужниот кварт Баргун од главниот град Дака, додаде официјалниот претставник.

На пожарникарите им требаа повеќе од три часа да го изгаснат пожарот, откако траектот беше закотвен на брегот на блиското село, рече Зохар Али, гувернер на областа.

Најмалку 67 патници со тешки изгореници се хоспитализирани во болницата за медицинскиот факултет Ше-е-Бангла во соседната област Барисал.

Крајбрежната стража продолжува да ја пребарува реката, додаде тој.

Фаталните несреќи на траект се чести во Бангладеш, земја со многу реки, поради непочитување на безбедносните прописи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе