Вести Македонија Најважни

Сашо Мијалков со решение за слобода но и одлука за притвор, а во судница пристигна од Шутка

Не успеа да и се врати на слободата а сега заробени привремено му остануават и 11 милиони евра. Обвинетиот и осуден за повеќе предмети Сашо Мијалков одново во судница, и во добро расположние но не од дома туку од Шутка и со жалба на новото решение за притвор во кое освен опасноста од бегство се наведува и можноста тој од слобода да стапи во контакт со тајните служби од околината

Мијалков ја имал слободата два часа откако синоќа двете одлуки се разминаа,  едната за слобода од апелација, другата за да остане притвор за предметот „Плацеви на Водно“, за што адвокатите на Мијалков реагираат дека незкаонски е држен во притвор.

И да ја добиел можноста да се брани од слобода, Мијалков немал да бега, и за тоа прашње се изјаснил пред судиите и обвинителите.

Одлуката апелација да прифати 11 милиони евра гаранција дека тој нема да бега отври критика за незавиносто за судството предводена од надлежниот министер Бојан Маричиќ на социјалните мрежи која денеска судскиот совет ја затвора со одгвор дека судиите имаат право да носат независни одлуки.

„Судскиот совет укажува дека судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклучиво според закон и не делува под политички влијанија, а истото се однесува и за работата на судиите. Оттаму, врз основа на надлежностите, сите алатки кои Советот ги има на располагање во оваа фаза, а со оглед дека судскиот предмет е активен, остануваат интерни за Советот, “ се наведува во кусиот одгвор од судски совет

Инаку Мијалков е во притвор од 23 февруари. Тогаш полицијата два дена трагаше по него откако не го најде на домашната адреса, а тој од никаде се појави пред обвинителството за организиран криминал со образложение дека ништо не знаел оти бил во самоизолација со симптоми на корона.

Павле Беловски 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе