Вести Македонија Најважни

Полицијата заплени автобус- со фалсификувани документи возел за Истанбул

Полицијата денеска заплени автобус на скопска фирма поради сомнеж дека е направен фалсификат по регистрација и по бројот на шасијата на возилото.

Автобусот се движел по истата рута на кобниот автобус на Беса транс кон Истанбул, а припадници на мобилната единица на граничната полиција го сопреле на наплатната рампа кај Миладиновци.

Покрај фалсификуваната документација, се проверува дали 56-годишниот возач имал соодветна лиценца за управување со автобус во меѓународен сообраќај.

На 23-ти ноември, во несреќа кај Софија во пожар настрадаа 45 патници кои се враќале од Истанбул за Скопје со автобус на Беса транс. Подоцна беше утврдено дека изгорениот автобус немал соодветна документација за  преминување на границата, но успеал дури 135 пати да помине граничен премин со туѓи документи.

Пред 5 години имала несреќа со жртви во Турција- фирмата чиј автобус денеска со фалсификувани документи возел за Истанбул

Во вечерното соопштение на МВР се дадени првични детали за заплената:

Денеска (19.12.2021) околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија.

Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување. Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе