Вести Свет Топ вести

Немири на демонстрациите во Лондон- полицаец повреден со шише

Доцна вечерва полицијата ја изгуби контролата над демонтрантите во Лондон кои протестираа против задолжителниот Ковид сертификат. Дојде до сурид на силите на редот со демонтрантите, кои со употреба на сила се обидуваа да воспостават ред меѓу луѓето, ко ја пробија заштитната ограда.

Еден полицаец беше повреден и колегите му помагаа, откако беше погоден со стаклено шише фрлено од толпата.

Илјадници демонтранти излегоа денеска на улиците на Лондон со транспаренти на кои имаше пораки „Мое тело – моја слобода“, Владата е вирус“, „Без ковид пасоши“, обвинувајќи ја владата дека со воведувањето на ковид сертификатите прави поделба на општеството.

Поради се побрзото ширеше на омикрон варијантата во Велика Британија, лондонскиот градоначалник Садик Кан прогласи состојба на „тешка непогода“.  Светската здравствена организација соопшти дека омикрон варијантата е откриена во 89 земји.

  • Многу сме загрижени заради брзото ширење на омикрон варијантата. Во последните 24 часа имавме најголем број на нови случаи од почетокот на оваа пандемија, повеќе од 26.000. Хоспитализациите се се побројни, но и недостигот на персонал постојано се зголемува, така што сега донесов одлука, во консултации со партнерите, денеска да прогласам „тешка непогода – Садик Кан, градоначалник на Лондон.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе