Десет луѓе кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд, им беа врачени најпрестижните награди за храброст.
Највисоките почести ги добија Наем Рашид, кој загина додека го предизвикуваше напаѓачот и Абдул Азиз, кој го оддалечи напаѓачот од другите.
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн вели дека храброста што ја покажаа овие Новозеланѓани беше несебична и извонредна.
„Ја изразуваме нашата длабока почит и благодарност за активностите што ги презедоа тој ден. Секој од нив ги даде своите животи за да спаси други. Загуба на животи можеше да биде уште поголем да не беа нивните колективни акции“ – истакна Ардерн.
Сопругата на Рашид, Амбрин Наему изјави дека е благодарна за наградата.
„Денес не го гледаме, но тој ја пренесе пораката за мир и љубов до целиот свет“, рече таа.
Брентон Тарант ги нападна џамиите Нур и Линвуд во Крајстчерч со автоматско оружје на 15 март 2019 година, за време на петочната молитва. Во нападот, кој наиде на реакција во Нов Зеланд и во целиот свет, животот го загубија 51 лице.
