Вести Свет

Пет министри од владата на Борисов поднесоа оставки

Пет министри во владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов поднесоа оставка додека во земјата се одржуваат антивладини протести. Оставките уследија по средбата на коалиционите партнери во владата на која беа договорени персоналните промени во кабинетот. Од кабинетот на Борисов заминуваат министрите за  финансии, за внатрешни работи, за економија и за туризам. Оставка поднел и министерот за здравство, но за да се пресели на чело на министерството за финансии. Министрите за внатрешни, финансии и економија беа посочени од координаторите на ГЕРБ дека биле блиски до ДПС, турската партија на Ахмед Доган и со нејзиниот главен финансиер, бизнисменот и медиумски тајкун, Делјан Пеевски, и затоа од нив е побарано да поднесат оставка пред една недела.

Борисов пак оставката на министерот за внатрешни, Младен Маринов, ја образложи велејќи дека тој е одличен офицер, но оти направил грешки кои не можат да бидат игнорирани, посочувајќи дека акциите кои ги спровела полицијата на протестите не биле на ниво на кое требало да се одвиваат едни протести.

Инаку веќе неколку дена во Бугари се одржуваат масовни протести со барање за оставка од владата на Борисов поради раширена корупција која ги слабее државните институции за сметка на моќните тајкуни. Се бара оствка и на јавниот обвинител Иван Гешев, како и и одржување фер избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе