Десетина улични канделабри во паркот Жена борец во Скопје светлеа среде ден.
Осветлувањето на паркот неколку дена по ред свети среде ден иако изминатиот период Македонија се соочува со недостиг на електрична енергија што се надминува со земање на струја од европската енергетска мрежа за што МЕПСО досега доби 4 предупредувања.
МЕПСО како крајна мерка предлага рестрикции и штедење, а како прва мерка за штедење е гаснење или намалување на уличното осветлување во ноќните часови кога е потребно.
Дење и во рестрикции и во штедење не треба да светат канделабрите иако во паркот спроти Собранието таа слика се повторува неколку денови.