Вести Македонија

Полициски началник си го чистел полниот пиштол и испукал во паркет

Полицијата соопшти дека актуелниот началник на СВР Струмица направил инцидент со службениот пиштол во канцеларијата во струмичката полициска станица.

Инцидентот се случил завчера околу 14:30 часот. Началникот Васко Тодоров бил сам во канцеларијата и зел да го чисти службениот пиштол.

Чистењето на пиштолот според процедурите се одвива откако ќе се извади магацинот и ќе се провери со репетирање за да не остане куршум во цевката.

При чистењето на пиштолот, според МВР оружјето испукало од невнимание, а заостанатиот куршум завршил во долниот дел на канцеларијата. Куршумот е најден зглавен меѓу паркетот и лајсната на ѕид во просторијата.

Нема повредени лица, а инцидентот поради пукање од службено оружје го истражува и внатрешната контрола на МВР.

Тодоров е началник на СВР Струмица како дел од 15-те назначувања, со закон дозволени на техничкиот министер Наќе Чулев во рамки на владата задолжена за спроведување на изборите.

По заминувањето на Чулев и престанок на мандатот завршува и функцијата началник на СВР за Тодоров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе