Вести Македонија

Социјалните служби „открија“ 11-годишно дете со парализа дури откако мајката со ментални проблеми го оставила само и без храна

Полицијата соопшти дека во дом во Охрид било најдено 11-годишно дете оставено напуштено од мајката. Детето е неподвижно, а случајот е предаден на надлежните социјални служби.

По 39-годишната мајка која го оставила синот без никаква храна и надзор се уште се трага, а охридската полиција најави дека ќе и биде поднесена соодветна пријава. Мајката исто така имала здравствени проблеми односно ментални нарушувања, потвдрија за Телма од полицијата во Охрид.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека детето е преземено од социјалните служби.

-Стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом, соопштија од Министерството.

11-годишното дете имало проблеми од раѓањето, а мајката која иако болна се грижела за него и често заедно со количка го шетала низ Охрид, а често била низ центарот каде просела. Помошта што ја добивала од граѓаните ја ставала на количката со детето и таа слика била секојдневна за охриѓани, но и покрај тоа досега социјалните служби ниту го забележале ниту им помогнале на детето и мајката.

Од полицијата велат дека и за мајката е потребна стручна помош на социјалните работници доколку биде најдена.

Пријавата за случајот била телефонска и тоа пријавувачот се јавил во полиција, а не во Центарот за социјални работи во Охрид.

Сега момчето е во групен дом, а социјалните служби најавуваат помош и грижа за неподвижното дете.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе