Македонија

Изминатата година малолетници најмногу се тепале и боделе со ножеви од етнички причини

Избоден малолетник, претепан малолетник, каменуван автобус на ЈСП, дивеење на навивачка група. 2019 телефонот на МВР, заѕвонил 159 пати заради пријави за насилство. Безмалку за сите инциденти причината била различната етничка припадност. Според годишниот извештај за насилството на Хелсиншкиот комитет во земјава најмногу се пресметувале албанските и македонските малолтеници и тоа во главниот град.

Зголемениот број инциденти извршени по основ на етничка припадност достигнува алармирачки 86 отсто од сите регистрирани инциденти. Речиси сите инциденти се случиле помеѓу припадници на македонската и на албанската етничка заедница, а најзагрижувачки е фактот дека огромното мнозинство на жртви и сторители на тие инциденти се малолетници/младинци, се наведува во извештајот на хелсиншкиот комитет

Арената на инцидентите се двете градски населби Центар и Аеродром, а загрижувачки е фактот дека дел од нападите се извршени од одмазда поради претходен инцидент. Најчесто, еден инцидент содржи две или повеќе кривични дела, па од тие причини бројот на кривични дела е далеку поброен од бројот на инцидентите, а најбројни се кривичните дела насилство, но дури 16 случаи биле пријавени изминатата година со нанесување тешки телесни повреди.

Секој десети инцидент го пријавила политичка партија. Или е нападнат активист или е оштетен имот на партијата, се наведува во извештајот. Сѐ уште е нејасно дали властите ја препознаваат разликата помеѓу делата од омраза и говорот на омраза за што се направија измени во Кривичниот законик кои се однесуваат на криминал од омраза, а стапија во сила на 8 јануари 2019 година, се наведува во заклучокот на комитетот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе