Свет

Конгресот го изгласа нацрт-буџетот за одбрана во висина од 740,5 милијарди долари

Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-буџетот за одбрана за следната финансиска година (што почнува на 1 октомври) во висина од 740,5 милијарди долари.

„За“ буџетот гласаа 295 конгресмени, а 125 се изјаснија „против“.

Нацрт-буџетот предвидува администрацијата да ги интензивира санкциите кон двата руски гасоводи. Кон крајот на декември минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша Закон за буџетот за одбрана за тековната финансиска година, со која ја задолжи администрацијара да воведе санкции за тие проекти. Сега се предвидуваат дополнителни мерки за странците кои помагаат во изградбата на гасоводите Северен поток и Турски поток.

Нацрт-буџетот предвидува и 3,8 милијарди долари за „Европската иницијатива за ограничување“ насочена кон Русија.

Конгресмените одобрија и 3,6 милијарди долари за „ограничување на Кина во Индиски и во Тихи Океан“.

Неколку часа пред да биде усвоен нацрт-буџетот, Белата куќа соопшти дека претседателот Трамп ќе стави вето на некои свои клаузули, меѓу кои и преименување на воените бази и ограничување на употребата на средства за Авганистан.

Во текот на неделата Сенатот ќе се изјасне за нацрт-буџетот за одбрана.

И Конгресот и Сенеатот треба да гласаат за нацрт-буџетот, а потоа истиот ќе биде испратен до претседателто на САД на потпишување. Целиот процес вобичаено трае до есен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе