Последен ден од кампањата пред локалните избори в недела, партиите одржуваат последните прес-конференции и средби со граѓани, пред почетокот на молкот на полноќ.
Утрово почна транспортот на доверливиот материјал, односно избирачките списоци, гласачките ливчиња и апаратите за отпечаток од прст со општинските Општински изборни комисии низ државата. Првин се транспортира материјалот до најдалечните општини, како Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Берово и Пехчево, а последни се скопските општини. Поради чувствителноста на материјалот, ќе има и посебно обезбедување.