Вести Македонија

Пријавени голем број болни и немоќни за да гласаат од дома

Поголем дел од Општинските изборни комисии бележат зголемен број на болни и немоќни лица, кои сакаат да гласаат дома ден пред Локалните избори. Во Штип, ако во 2017 година бројот на пријавени бил 122, на овие избори до комисијата пристигнале 145 барања. Во Брегалничкиот регион рекордер е Делчево со 306, а најмалку има во Карбинци 17. Во општините од југоисточниот регион според бројките очигледно е дека во руралните општини има поголем интерес за гласање дома. Во Ново Село има 390, а во најголемата општина во овој регион Струмица има помалку или  332 избирачи. Рекорден број на пријавени има и во општините во Кичевскиот регион. Но, колку од болните и немоќни лица ги исполнуваат условите да гласаат ден пред отварањето на избирачките места ќе се знае деновиве, откако комисиите со лекари специјалисти ќе ги разгледаат сите пристигнати барања.

Избирачите кои се позитивни на коронавирусот или се во изолација за гласање во сабота можат да се пријават до утре на полноќ. Од бројот на пријавени ќе се знае и колку тима ќе се формираат со лекари, кои според посебни здравствени протоколи ќе ги посетат дома. Доверливиот материјал се уште не е пристигнат, а на овие избори со гласачките ливчиња пристигнуваат и апаратите за отисок на прст.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе