Македонија Најважни

Боки-13: Не се чуствувам виновен

Сите баналности во обвинението ги разбирам но не се чувствувам за виновен. Вака Боки-13 одговори на суд кога го прашаа дали е виновен за делата од обвиненито за невладината организација „Меѓународен сојуз“. И останатите обвинети меѓу кои и екс потпретседателката на СДСМ и на Собранието Фросина Ременски рекоа дека не се виновни. Ременски одговори дека е огорчена од намерата за кривичното дело измама за кое е обвинета. Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јјовановски рече дека е срамно што на 63 години го прават криминалец и дека не го ни прочитал обвинението оти немал гржа за тоа што го пишува.

Обвинителката Вилма Русковска претходно во воведните зборови рече дека хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ била формирана лажно како да е под покровителсрво на ЕУ, а злоупотребена за да бидат измамени бизнисмените Адријан Амзоски и Сиљан Муцевски. Првиот уплатил 234.000 евра а вториот 720.000 евра, пари кои наместо да завршат за наводните проекти за домови за стари лица, биле уплаќани на сметка на 1ТВ и БМЈ Медија груп и тоа од страна на таткото на Боки-13 и соработничката Јасна Ерцеговиќ. Обвинети се петмина други за измама, за помагање а Бојан Јовановски и за перење пари.

Обвинети во случајот се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Судењето почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе