Санацијата на патот од Тефериќ до Сопиште ја презема Министерството за транспорт и врски откако се утврдило дека општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности да го реализираат проектот.
Патот е распукан и пропаднат повеќе од година и половина поради свлечиште – се работи за 70 метри асфалт кој треба да се санира. Од безбедносни причини, околу свлечиштето е направен земјен насип и забрането е минување, но и покрај тоа има возачи кои се обидуваат да поминат по оваа делница.
Како што денеска соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, следната недела ќе биде официјално објавен јавниот повик за избор на градежна фирма која ќе изврши стабилизација и санација на овој критичен терен.
https://telma.com.mk/2026/07/01/neproodni-patishta-zhitelite-na-kisela-voda-i-sopishte-bez-alternativen-pravecz/
