Лето, сонце, одмор… а наместо релаксација – нервози. Купишта ѓубре, гласна музика, бучни и поднапиени соседи, скара, а чадот ве гуши. Без разлика дали сте на плажа, на планина или на излетничко место, летото треба да биде време за релаксација и уживање. Но, се чини дека со порастот на температурите, честопати опаѓа и нивото на општа култура.
Секојдневно сме сведоци на оставено ѓубре во парковите, гласна музика што не дозволува мирен одмор, па сè до веќе фамозното „резервирање“ места на плажа со крпи уште од претходната вечер.
Дали јавните простори станаа место каде што секој прави што сака, без усул и без обѕир кон луѓето околу себе? Каде исчезна куќниот ред кога ќе излеземе надвор од нашите домови? Што е она што најмногу ви го нарушува летниот мир и каде ја гледате вината за ваквиот социјален хаос?
Анлета: Дали некогаш лично сте опоменале некого што фрла ѓубре или прави неред во ваша близина? Да/ Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
