Вести Македонија

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа, велат од СДСМ денеска.

  • Оваа промена повторно го отвора прашањето: Што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ? Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност за ВМРО-ОКГ се сведува на улогата на офицер за врска со Белград.  Како таков, Стоилковиќ обезбедува директен канал за комуникација, влијание и пристап до информации внатре во извршната власт на Македонија – токму она што одговара на интересите на „српскиот свет“ и регионалната политика на СНС, посочуваат од опозициската партија.

Од партијата прашуваат ако Стоилковиќ „добро ја работел работата“ на претходната позиција, зошто воопшто е преместен? Зошто беше меѓу министрите со најмногу критики и барања за смена, а сепак е задржан во новиот состав на Владата?

  • Единственото логично објаснување е дека Мицкоски попушта на надворешни притисоци, пред сè од Белград за да го задржи лојалниот партнер блиску до центрите на одлучување. Поставувањето на Стоилковиќ на министерска позиција не е случајно. Тоа е гаранција дека влијанието на Вучиќ ќе остане институционализирано во нашата Влада, велат од СДСМ.

Од партијата велат и дека загрижува што човек со таква позиција во Собранието физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески и отворено пцуел пратеници.

  • Човек кој јавно се фали со врските со „Ноќните волци“ на Путин, кој неодамна патуваше во Кина заедно со српската делегација и таму ја промовираше кинеската комунистичка партија, а кој е близок и со бизнис-партнерот на Мицкоски – почесниот конзул во Србија Душан Адамовиќ, не може да биде министер во Владата на Македонија, истакнуваат од опозициката партија.

Од партијата го повикуваат премиерот Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата и каков конкретен придонес очекува од него на новата позиција, освен одржување на врските со Белград и странските центри на моќ, бараат од СДСМ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе