Изборната комисија на Висконсин гласаше со 5:1 утврдувајќи дека Илон Маск го прекршил законот за поткуп, на изборите за Врховен суд во Висконсин во 2025 година кога со објава на социјалните мрежи им нудел 1 милион долари на граѓаните со цел да ги натера да гласаат. Законот забранува на граѓаните да им се дава или да им се нуди нешто со вредност поголема од еден долар за да гласаат или да се воздржат од гласање.
Маск беше силно вклучен во кампањата за изборите за судија во Врховниот суд во Висконсин во 2025 година, на кои конзервативецот Бред Шимел се соочи со либералната Сузан Крофорд. И покрај вклученоста на Маск во кампањата на Шимел, Крофорд на крајот победи на натпреварот. Но трошењето на Маск помогна изборната трка да стане најскапата судска трка во историјата на САД. Тој самиот потроши најмалку 3 милиони долари, a групите поддржани од него како America PAC и Rebuilding America’s Future, потрошија уште 19 милиони долари за поддршка на Шимел.
Маск, лично подели чекови од 1 милион долари на двајца поддржувачи во Грин Беј викендот пред изборите. Тој исто така, нудеше по 20 долари на секој што ќе се регистрира на веб-страницата на неговата група Неговата организација вети 100 долари на секој гласач што ќе ја потпише петицијата против одредени судии и уште 100 долари за секој потписник што ќе го препорачаат.
