Вести Македонија Најважни

Судиите поротници денеска на протест-сите расправи се откажуваат

Мирен протест ќе започнат судиите-поротници при Основниот кривичен суд Скопје и нема да учествуаат на дел од судските расправи, заради долгогодишнот проблем со дневниот надомест и нерешените барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет.

Во известувањето до Кривичниот суд, судиите-поротници наведуваат дека нивниот дневен надоместок во износ од 570/670 денари со години не е изменет, без оглед на бројот на предметите, сложеноста на постапките и времетраењето на нивниот ангажман.

Според нив, ваквиот надоместок не ја одразува одговорноста и значењето на функцијата што ја извршуваат, ниту ги покрива основните трошоци поврзани со присуството во Судот.

Тие посочуваат дека во изминатите две години во повеќе наврати се обратиле до Министерството за правда и Судскиот совет со барања за решавање на ова прашање, но дека до денес не се преземени конкретни мерки, поради што се одлучиле на мирен протест.

  • Во однос на барањата на судиите – поротници, како суд сметаме дека:  Улогата на судијата – поротник е исклучително значајна и дека нивната посветеност, одговорност и придонес се неопходни за правилно и законито спроведување на голем број судски постапки. Без нивното учество, значителен број судења не можат непречено да се одвиваат, стои во соопштението од судот.

Од судот додаваат дека очекуваат Министерството за правда во најкус можен рок да пристапи кон измена на Правилникот за надоместоците на судиите-поротници, со цел да се создадат услови за надминување на настанатата состојба.

Поради протестот ќе се одложат дел од судењата, но колку од нив нема да се одржат ќе се знае во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Американец се повредил при слетување со параглајдер во битолско Породин

Tea Dimkovska

Претседателката Сиљановска-Давкова дел од Самитот на НАТО во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе