Спорт Фудбал

ФИФА ја шокираше Белгија: Преседан каков што не е виден од 1962 година

ФИФА донесе една од најконтроверзните одлуки на Светското првенство 2026 година, откако ја стави во мирување суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

Напаѓачот на САД доби директен црвен картон во победата против Босна и Херцеговина во првата нокаут рунда и требаше автоматски да го пропушти осминафиналниот дуел против Белгија. Сепак, Дисциплинската комисија на ФИФА се повика на членот 27 од Дисциплинскиот кодекс и одлучи казната од еден натпревар да биде суспендирана на условен период од една година.

Тоа значи дека Балогун, кој е еден од најдобрите играчи на САД на овој Мундијал со три постигнати гола, ќе биде на располагање за големиот дуел со Белгија во Сиетл. Доколку во следните 12 месеци направи сличен прекршок, суспензијата ќе биде активирана.

Одлуката предизвика жестока реакција во белгискиот табор. Фудбалската федерација на Белгија соопшти дека е „зачудена“ од потегот на ФИФА и најави дека ги разгледува сите можни опции за да ги заштити принципите на фер-плејот.

Колку е ретка ваквата одлука покажува и податокот на Би-Би-Си дека во историјата на Светските првенства имало 189 црвени картони, а само двајца фудбалери не пропуштиле натпревар по исклучување. Првиот бил легендарниот Гаринча во 1962 година, но тогаш не постоела автоматска суспензија по црвен картон, туку одлуката ја носела дисциплинска комисија.

Остро реагираше и УЕФА, која оцени дека со ваквата одлука е „помината црвената линија“. Од европската куќа на фудбалот порачаа дека автоматската суспензија од најмалку еден натпревар по црвен картон не е прашање на слободна проценка и не смее да има исклучоци среде турнир.

Случајот со Балогун затоа отвори голема дебата и опасен преседан во модерниот фудбал. Американскиот напаѓач сега дефинитивно ќе биде во конкуренција за настап против Белгија, а целата ситуација дополнително ја зголеми тензијата пред едно од најинтересните осминафиналиња на Мундијалот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Бизарна повреда на Хендерсон: Не играше против Мексико, а можеби го заврши Мундијалот

Sportska Redakcija

(Видео) Нејмар во солзи се прости од Бразил – Почна и заврши на истото место

Sportska Redakcija

Белингам блесна, Англија со играч помалку го преживеа Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе