Нејмар го одигра последниот натпревар за Бразил во својата репрезентативна кариера. Напаѓачот се прости од „кариоките“ по синоќешниот пораз од Норвешка со 2-1 во осминафиналето на Светското првенство 2026 година.
Нејмар влезе во игра во 67-тата минута, а во судиското продолжение постигна гол од пенал, но тоа беше само мала утеха за Бразил, кој доживеа рана елиминација од Мундијалот.
Симболично, Нејмар ја започна и ја заврши репрезентативната кариера на истото место. Дебитираше за Бразил во август 2010 година во пријателски натпревар против САД во Њу Џерси, а на истиот стадион го имаше и последниот настап во националниот дрес.
Нејмар заминува како најдобар стрелец во историјата на Бразил со 80 голови на 130 натпревари. За него ова беше четврто Светско првенство, но и последен обид да стигне до најголемиот трофеј со репрезентацијата.
Vinícius dándole un beso a Neymar y tratando de animarlo.
Durísimo 💔pic.twitter.com/CbTEqUaqLD
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) July 5, 2026
