24-годишник од Гази Баба бил пронајден починат во својот дом во Гази Баба изминатиот викенд.
– На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми, известија од полицијата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
