Вести Свет

Руте и Фон дер Лајен: Заврши времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана на Америка

Заврши времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“.

Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и опасностите на денешниот свет ставиле крај на таквиот начин на размислување.

Сојузниците сега мора забрзано да ја задвижат сопствената одбранбена индустрија за да бидат подготвени за потенцијална војна.

Во текстот се наведува дека моменталните европски производствени капацитети не можат да ја следат побарувачката на пазарот.

Воената поддршка што Западот ѝ ја испраќа на Украина, како и развојот на конфликтот на Блискиот Исток, извршија огромен дополнителен притисок врз воените резерви на земјите членки, пред сè во сегментот на ПВО-пресретнувачи и системи за борба против дронови.

Како клучна причина за итното вооружување, Руте и Фон дер Лајен го издвојуваат зајакнувањето на одбранбените капацитети на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја.

Според нив Москва инвестира повеќе од 40 отсто од државниот буџет во одбраната и деноноќно произведува воена опрема, поради што западната воена индустрија мора да реагира побрзо и помасовно од досега.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Загинаа 11 луѓе, 46 повредени во голем руски напад врз Киев – Русија соборила 519 украински дронови

Sasko Dimovski

Зеленски предупредува: Русија подготвува нов голем напад

Kristina Kuzmanovski

Судење за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе