Вести Македонија

МВР: Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола, шест лица под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Од нив, како што информираат од МВР, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а  едно лице во Кочани возело иако имало активна забрана за управување на моторно возило.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ОД МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар избувна во магацин во скопската населба Кисела Вода

Дејан Дејан

Лекција за несовесните поединци во Тетово: Фатен на дело 54 годишник како фрла отпад во река

Дејан Дејан

Изборниот законик нема да биде дел од спроведните реформи до јуни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе