Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

СДСМ го блокира Изборниот законик со над 10 илјади амандмани затоа што знае дека нема да ја добие поддршката од дијаспоарата на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, порача дека катастрофалното раководење со државните институции од страна на претходната власт, сојузништвото со криминалот и корупцијата, како и понижувањата на национално ниво, како што рече, натерало голем број сограѓани да ја напуштат државата.

„Венко Заев и СДС не само што ги избркаа граѓаните од државата, сега не сакаат ниту да им го олеснат начинот на гласање на изборен циклус во Македонија, затоа што знаат дека нема да ја добијат нивната поддршка, односно поддршката од страна на македонската дијаспора и поради тоа жестоко го блокираат Изборниот законик со над 10 илјади амандмани. Тоа е вистинската причина за блокада на Изборниот законик. Страв од уште поголем пораз на следните избори“, рече тој.

Според него, Изборниот законик го поздравува и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, кој кажа дека Македонија ја исполнува обврската што ја има преземено во делот на испорачување на Реформската агенда и јасно бара консензус на сите политички партии за законот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Во креветот во спалната соба криеле дрога – полицијата објави снимка од претресот на станот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе