Вести Македонија Топ вести

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Мојот став, како раководител на штабот, е насилно гаснење, понекогаш е многу добро да се изгасне пожарот со воздухоплови, рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Човечките животи при појава на пожар се врвен приоритет, додаде Ангелов.

„Нека изгори се друго. Да ги спасиме луѓето, бидејќи нови дрвја ќе пораснат, човечките животи нема да се вратат“, вели Ангелов.

Потоа, вели тој, на листа на приоритети е имотот на луѓето, па потоа боровата шума или друга зимзелена шума.

„Но, ова лето ќе почнат да ги менувам овие работи. Кога ќе има загрозени стари куќи кои што знаеме дека се напуштени во некои стари села, каде што сопствениците оставиле трева ид метар и половина во дворот, тогаш ќе видиме дали ќе дадеме приоритет на нив или на боровата шума. Затоа што, штитејќи една стара куќа која што вреди неколку илјади евра или можеби нема вредност, може да ни изгори хектар борови“, порача Ангелов.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Командниот ланец кај нас, за жал, е скратен, што почне пожар, веднаш се бараат авиони, вели Ангелов

Sasko Dimovski

Ангелов: Договорен сум за прием на два пилота, ги повикувам сите останатите со над 400 часови летање да дојдат да поразговараме

Sasko Dimovski

Ангелов: Моја цел е набавка на уште три Ер трактори

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе