Во Штип и Пробиштип попладнево избија три пожари, нема повредени граѓани, но има голема материјална штета. Гореше штипската тврдина Исар, каде што огнот поради ветерот се ширеше на сите страни. Пожарникарите, доброволците и жителите учествуваа во гансењето на пожарот. Станува збор за непристапен терен, со што дополнително се отежнуваше и локализирањето на огнените јазици, кои се доближуваа до куќите во населбата Исар.
Во Пробиштипско попладнево гореше сува трева и ги зафати атарите на селата Бучиште, Неоказии Ратавици, а во селото Бучиште изгорена е една куќа, а зафатени се и уште неколку домови.
Пожарот се гасне и од земја и од воздух, на терен се и ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување. Во штипското село Чардаклија гори сончева централа, огнените јазици се шират кон селото Карорман. Голема е материјалната штета и на овој пожар.
Викторија Јованова
