Mакедонскиот пасош се најде на 41. место меѓу 199 земји опфатени во рангирањето на најновата листа на најмоќни пасоши во светот, објави Henley Passport Index Q2.
Пасошот на Македонија без виза може да се патува во 127 држави ширум светот.
Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт , а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на една држава.
На врвот на листата се наоѓа Сингапур, чии граѓани можат без виза да патуваат во 192 земји.
Во регионот, Словенија е на седмото место со 183 земји, Хрватска е на осмото место со 182 земји, додека Црна Гора е на 41. место со пристап до 127 држави без виза.


