Вести Економија

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Компанијата „Бритиш американ тобако“ (БАТ) најави укинување на 5.500 работни места ширум светот, како дел од програмата за намалување на трошоците, подобрување на ефикасноста и забрзување на примената на вештачката интелигенција во бизнисот.

Дополнителни 3.500 работни места ќе бидат префрлени на партнерите на БАТ, меѓу кои и ирската компанија за ИТ услуги „Ексенчр“ (Accenture), со што реструктурирањето вкупно ќе опфати околу 9.000 вработени.

САД најголемиот пазар на БАТ, ќе бидат изземени од програмата за намалување на трошоците, за која се очекува да му заштеди на компанијата дополнителни 600 милиони фунти годишно до 2028 година.

Управниот одбор на БАТ веќе одобри план за заштеда од 500 милиони фунти до почетокот на 2027 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Илиевска: Ниту една партија не сака ништо да промени, никој не треба да зема пари за кампања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе