Вести Македонија Топ вести

Пороен дожд ја распрачи улицата „Дебарска“ во Битола

Силното невреме проследено со пороен дожд што синоќа ја зафати Битола остави зад себе огромни оштетувања на веќе дотраената инфраструктура на битолскиот Баир. За само неколку часа наврнаа повеќе од 40 литри дожд на метар квадратен, а поројната вода ја распарчи улицата „Дебарска“. Огромни асфалтни плочи беа откорнати од коловозот, оставајќи зад себе длабоки дупки.

Жителите велат дека токму за овој потег, долг околу 150 метри, со години барале целосна реконструкција, затоа што  секој посилен дожд дополнително ја поткопува улицата.

„Ова е како земјотрес да поминал. Земјата пропадна. Можеби сега конечно ќе ја реконструираат. Ништо не чини овде, вака повеќе не може“, велат жителите.

 

По невремето, екипи на јавните претпријатија излегоа на терен и почнаа со санирање на штетите на повеќе улици во градот и во околните населени места.

Во меѓувреме, од Општина Битола соопштија дека документацијата за реконструкција на Дебарска се подготвувала две години, а средствата се обезбедени преку унгарскиот кредит. Сепак, градежните работи  започнаа токму денес, откако невремето ја разурна улицата.

„По триесетина проблематични години со  улицата Дебарска, оваа локална администрација изработи проект, обезбеди средства за реализација, склучи договори со изведувачи и улицата ќе биде целосно реконструирана“, соопштија од Општина Битола. 

 

Сепак  останува прашањето зошто реконструкцијата не започна порано, кога жителите со години предупредуваа дека улицата е во критична состојба.  Невремето само за неколку часа ги оголи слабостите на инфраструктурата  во Битола и предизвика огрмни оштетување

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Спасено мало срнче на Пелистер кое го нападнало куче бездомник

Дејан Дејан

Пазарната инспекција ги проверува големите маркети, следни се увозниците  

Дејан Дејан

Трипуновски: Македонија забрзува – од долгогодишен застој денес имаме конкретни резултати во земјоделството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе