Вести

Пазарна инспекција ги проверува книгите на големите маркети, како се движеле цените на одредени производи

Додека Владата договара состанок со производителите, добавувачите и дистрибутерите за да издејствува договор околу стабилизирање и намалување на цените, пазарната инспекција ги проверува книгите на големите маркети за да го види текот на цените на продуктите во изминатиот период.

Следната недела контролата ќе се прошири и на увозниците, а околу проверките на цената на производите лани и годинава, што ја најави премиерот Мицкоски, веќе се изготвува конечниот извештај.

Од големите маркети веќе е добиена документацијата за цените на продуктите во месеците март, април, мај и овој месец и тоа за идентичен конкретен период во месецот.

Сметководствените податоци се анализираат исто како и целните групи на производи како што побараа од Владата, а од инспекторатот најавуваат дека конечната информација ќе биде готова во првата половина од наредниот месец.

Истовремено се проверува и интерната дата база со податоци за цените на продуктите и тоа конкретно за месеците април и мај, минатата и оваа година за да се утврди дали, колкав скок има на цените и која е причината.

Дали има скок на маржата кај увозниците и со тоа директно влијание за повисока цена е следното што ќе го работи пазарниот инспекторат.

  • ДПИ: „Десет тима од идната недела ќе ги проверуваат сметководствените книги во најголемите фирми увозници на прехранбени продукти, овошје и зеленчук. Паралелно ќе се споредуваат доставените податоци со оние во Царината.

Владата соопшти дека во понеделникот постигнала начелен договор со претставниците на големите ланци на трговски маркети во јули годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени да биде под три проценти. Следува состанок со производителите, дистрибутерите и добавувачите.

За трговците но и сите оние кои нема да се придржуваат до евентуалниот договор ќе има казни, а во Владата се разгледуваат можности за воведување на мерки но и законски измени.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотниот бран урива рекорди во Западна Европа – одржувањето на зеленилото клучно за урбаните средини

Дејан Дејан

(видео)Спасено мало срнче на Пелистер кое го нападнало куче бездомник

Дејан Дејан

Трипуновски: Македонија забрзува – од долгогодишен застој денес имаме конкретни резултати во земјоделството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе