Вести Македонија

Двајца прилепчани загинаа, еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа на експресниот пат Градско – Прилеп

Две лица го загубија животот, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денес околу 13 часот на експресниот пат Градско – Прилеп, по исклучокот за Кавадарци.

Според СВР Велес , несреќата се случила при судир помеѓу две прилепски возила- „Шкода Октавија”, управувана од  Ж.Р. (51) од Прилеп и „Фолксваген Голф”, управуван од Т.М. (39) од Прилеп.

На местото на несреќата починале возачот на Шкодата и неговата сопатничка Б.Б. (42), истот така од Прилеп. Смртта ја констатирал лекар од екипа на Итната медицинска помош Кавадарци.

Со тешки телесни повреди се здоби возачот на „Голфот”, кој првично бил пренесен во Општата болница Кавадарци, а потоа, поради сериозноста на повредите, е упатен на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин неколку часа и е нормализиран околу 17:00 часот.

Експресниот пат Градско – Прилеп беше пуштен во употреба минатата година, но досега има неколку сообраќајни несреќи со загинати и повредени лица.

Eмилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законите за игри на среќа и против пушењето поминаа во прво читање – следува уште една расправа

Tea Dimkovska

Мирниот Капиштец претворен во модерна џунгла, жителите на протест

Tea Dimkovska

Локализиран пожарот во Кумлак, спасен сопственик на зафатена викендица

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе