Првиот поголем пожар оваа сезона се шири вечерва на отворен простор во околината на Штип.
Огнената стихија ги зафати ридовите во близина на градот а според информациите од терен гори сува трева и ниска вегетација.
На терен веќе интервенираат противпожарни екипи, во обид да го локализираат огнот и да го ограничат неговото ширење.
Засега нема информации за повредени лица во пожарот или за опожарени објекти.
Ова е прв поголем пожар во регионот а најверојатно бил предизвикан од удар на гром.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
