Вести Спорт

Мундијалот низ бројки, англиските клубови со најмногу фудбалери на СП

Утре почнува Светското првенство во фудбал.

Најголем број на фудбалери кои ќе настапат на престојниот Мундијал доаѓаат од англиските клубови вкупно 200,  потоа се фудбалерите кои се дел од германскиот шампионат нив ги има 109, а на третото место е Франција, па Шпанија и Италија.

Манчестер Сити е најзастапен клуб со дури 19 свои играчи кои се дел од селекциите на Алжир, Белгија, Хрватска, Египет, Англија, Франција, Гана, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија и Узбекистан. Следува Баерн Минхен со 18 репрезентативци, па Арсенал и ПСЖ со по 16 играчи, еден помалку има Барселона (15).

Најмногу играчи од фудбалските шампионати на матичните замји имаат селекциите на Катар и Саудиска Арабија , додека националните тимови на Сенегал и Уругвај немаат ниту еден фудбалер кој настапува за клуб од овие земји.

На Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе играат вкупно 22 фудбалери кои и претходно го освоиле пехарот.

Од играчите кои ќе бидат дел од престижниот настан, Лионел Меси има најмногу постигнати голови на еден Светски фудбалски шампионат вкупно 13, зад него е Килијан Мбапе со 13 , следуваат Кристијано Роналдо,  Нејмар и Хари Кејн  кои имаат по 8 постигнати голови.

Австрискиот голман Флоријан Вигеле со неговите 205 сантиметри е највисокиот играч кој досега настапил на едно Светско првенство, додека репрезнтативецот на Панама Сесар Јанис со  160 сантиметри е најнискиот фудбалер на престојниот настан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кочоска: Јавниот долг е под контрола, а фискалната консолидација останува наш приоритет

Дејан Дејан

Загинаа 13 лица откако Пакистан го нападна Авганистан

Дејан Дејан

Во израелски воздушни напади во Јужен Либан убиени 17 лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе