Половина година пред да и заврши мандатот членката на судксиот совет Павлина Црвенковска го испразни местото во судскиот совет. На вчерашната седница не присуствуваше а претседателот на советот кусо информираше дека заминала во пензија
„На членот на судскиот совет Павлина Црвенковска и се констатира престанок на мандатот поради исполнети услови за старосна пензија“, рече Александар Камбовски, претседател на Судски совет.
Новиот закон за судски превидува дека на членовите мандатот им завршува кога ќе исполнат услови за старосна пензија но (во преодните и завршни одредби) во членот 112 стои и дека на членовите на Советот избрани по стариот закон продолжуваат да ја извршуваат функцијата до истекот на мандатот за кој се избрани. Но Судски го консултирале Собранието, и од таму добиле одговор дека одредбата 112 не се однесува на престанок на мандатот на членовите туку е во врска избор на членови. Судкси постапил согласно одговорот од Собранието.
„Судскиот совет се обрати до Собранието. Од таму добиен е одговор дека со законот од 2025 во чл. 34 е предвидена старосната пензија како еден од основите за престанок на мандат, па членот 112 не се однесувал на таа одредба. Со законот од 2025 со членовите 12 и 13 биле предвидени различни услови за избор на член од Собрание од предвидените во законот од 2019, што ја наметнало потребата од член 112 во новиот закон, што пак во никој случај не значи дерогирање на чл 34 од новиот закон стои во одговорот од Собранието “, велат од Собранието.
Телма ја контактираше и Црвенковска која кусо ни рече дека таа сакала сега да оди во пензија но сепак формално не побарала престанок на мандатот. Нејзиното и другото испразнето место треба да ги пополни собрнаието..
„Би апелирал до Законодавниот дом овие две постапки да ги спроведе за Судскиот совет да биде комплетен, бидејки работиме со два членови помалку“ , вели Камбовски.
Мандатот на Селим Адеми му заврши во декември лани а од тогаш имаше три огласи за избор на негов наследник . По два неуспешни обиди, на дневен ред на денешната седница е точката за избор на член на судски совет . Комисијата се избори и именување за местото на Адеми ги предлага Артим Ислами и Феузи Џафери
Елена Ивановска
