Вести Македонија Топ вести

Три месеци силувал малолетно девојче и пренел и заразна болест

Уапсен Б.Т.(33) од село во општина Карбинци, кој се сомничи дека во периодот од јануари до март годинава, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „пренесување заразна болест“ по член 205 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

Дејан Дејан

Затворскиот предмет на Стевче Јакимовски во Кривичен суд

meteo

Судски совет остана без еден член, Црвенковска замина во пензија шест месеци пред да и заврши мандатот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе