Вести Македонија Топ вести

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за 360 степени потврди дека ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од Процесот за соработка на Југоисточна Европа в среда во Софија.

Таа вели дека средбата е природно продолжение на средбата во Ереван и дека очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем.

  • Ако граѓаните не контактираат, ако во проекти заеднички не учествуваме… морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, но сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не се повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите – вели Сиљановска Давкова.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Петровска и Милошоски за „нон-пејперот“: Постепена интеграција или „резервна клупа“ за Балканот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе