Вести Економија Топ вести

(видое) Прекин на електричната енергија поради невреме во охридско-струшкиот регион

Поради невремето што попладнево го зафати охридско-струшкиот регион, дојде до испад на 110 kV далекувод ТС Охрид – ТС Струга, соопштуваат од МЕПСО.

Силниот ветер и обилните врнежи предизвикале кинење на проводното јаже на далекуводот.

Дефектот настанал во период кога, поради редовни технички зафати за замена на оптичко јаже, плански бил исклучен и 110 kV далекуводот ХЕЦ Глобочица – ТС Струга, велат од компанијата.

  • Како последица на тоа, регионот на Охрид и Струга остана без напојување со електрична енергија од двата правци. Со оглед дека станува збор за далекувод кој, доколку е потребно, може повторно да биде ставен во функција во релативно краток рок, во погон е вклучен 110 kV далекуводот Глобочица – ТС Струга, со што е снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано.

Во меѓувреме, далекуводот Охрид 2 – ТС Ресен сè уште е надвор од функција.

Во моментот екипи на МЕПСО се на терен и работат на локализирање и санирање на проблемот.

Попладнево во Струга и Охрид за неколку часа наврнаа 15 литри на метар квадратен.

Од управата за хидро-метеоролошки работи информираат дека во западните и југо-западните делови од земјата се уште има поројни дождови со грмежи и град.

Зафатени се и Преспа и битолскиот регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Петровска и Милошоски за „нон-пејперот“: Постепена интеграција или „резервна клупа“ за Балканот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе