Интензивни средби со ЕУ најави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите. Откако се сретнана самитот во Тиват со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц сите од своите кабинети назначиле по еден преставник за комуникација.
Наместо како до сега да се среќаваат два пати годишно во јуни и декември, од сега тоа ќе се случува два пати месечно рече Мицкоски. Задоволен е од предлогот за постепена интеграција во Европската Унија, кој беше даден на Самитот кој се одржа во Тиват.
- Самитот во Тиват беше од најсуштинско значење за нашата земја откако јас сум Премиер овие две години. До Мерц дадов сугестија за Западен Балкан со која би имале поинаков пристап и наместо да чекаме на отворање на поглавјата, барем да одиме со исполнувањето на Планот за раст и со исполнување на кандидатски статус. Сепак задоволен сум и што договоривме засилена динамика на средби, и тие ќе бидат два пати месечно назначувајќи по еден преставник од нашите кабинети – Христијан Мицкоски – Премиер.
Инаку Мицкоски најави дека од денеска ќе почне да се процесуира договореното содржано во нон пејперот на Макрон и Мерц. Тој вели дека не се исклучува можноста и за проширување на ЕУ во пакет со земјите од Западен Балкан. Било разговарано и за отвореното прашањешто Македонија го има со Бугарија и но не сакаше да сподели информации.
- Прашањето за преговорите со Бугарија е премногу сензитивно и не би сакал да откривам детали за она што беше разговарано. Но, да нема забуни ние не отстапуваме од нашите темелни вредности и принципи кои ги имаме и до сега, и нашата политика не се менува- Мицскоски.
Во петокот во Тиват во Црна Гора, се одржа самит Европска Унија – Западен Балкан, а веќе во среда во Софија, Бугарија, ќе се одржи самит во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Таму е можна средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугаската колешка Илијана Јотова, но Мицковски рече дека не знае дали таа ќе се одржи.
Билјана Николовска
Б.С.
