Вести Македонија

Почина поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсим Зеколи

Рано утрово на 60-годишна возраст почина Арсим Зеколи, македонски политички аналитичар и колумнист.

Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок.

-Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026), се наведува во соопштението.

Арсим Зеколи во пошироката јавност во Македонија и регионот беше препознатлив како истакнат колумнист и аналитичар на општествено-политичките процеси, а во својата кариера ја извршуваше и функцијата амбасадор на Северна Македонија при ОБСЕ во Виена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бизнис објектив“: Кои се предизвиците на македонските извозници?

Mirjana Joveska

Познатиот шпански шеф ЛУИС АРУФАТ подготвуваше шпански специјалитети со кочански ориз

Дејан Дејан

Косовски државјанин е уапсен на граница со поголема количина брендирана облека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе