Вести Македонија Топ вести

Изведување нови докази на судењето за пожарот во „Пулс“

Во Основниот кривичен суд во Идризово денеска продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На рочиштето се разгледуваат нови материјални докази предложени од Обвинителството, поврзани со инспекциски надзори и теренски контроли пред несреќата.

На претходните рочишта беа презентирани документи за работата на општинските и градежните инспектори, вклучувајќи извештаи, овластувања и записници од контроли.

Овие материјали се дел од доказниот процес за утврдување на околностите пред избувнувањето на пожарот.

Одбраната останува на ставот дека обвинението е прешироко и опфаќа премногу лица и дејствија. Постапката продолжува со цел целосно расветлување на една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екс директор на Национални шуми продавал дрвна маса по цени пониски од важечкиот ценовник

Дејан Дејан

„Бизнис објектив“: Од мал погон до голем извозник – успешна приказна на македонска фабрика

Mirjana Joveska

„Бизнис објектив“: Кои се предизвиците на македонските извозници?

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе