Вести Свет

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Шест лица се повредени во напад со нож во станицата Пен во Њујорк , соопштија властите.

Осомничениот е приведен по нападот, кој се случи околу 19 часот во еден од најпрометните транспортни центри во земјата.

Пространиот железнички комплекс под „Медисон Сквер Гарден“ ги опслужува линиите на „Амтрак“, „Лонг Ајленд Реил Роуд“, „Њу Џерси Транзит“ и метрото во Њујорк Сити и го користат стотици илјади патници секој ден.

Според градската противпожарна служба, болничарите пронашле една жртва со сериозни повреди, додека останатите се со полесни повреди.

Сите петмина биле однесени во болницата Белвју. Друго лице, чија состојба не е веднаш позната, е префрлено во друга болница.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека е информиран за нападот и го пофали обезбедувањето на „Амтрак“ за брзата интервенција.

Моето срце е со сите повредени, нивните семејства и сите што се погодени од ова неприфатливо насилство. Им посакувам брзо закрепнување на сите жртви“, напиша Мамдани на социјалната мрежа „Икс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин е уапсен на граница со поголема количина брендирана облека

Дејан Дејан

19 загинати во силниот земјотрес на Филипините, се урнаа згради и продавници

Дејан Дејан

ЕУ ја предупредува Албанија за проектот поврзан со зетот на Трамп, Кушнер

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе