Вести Македонија Најважни

Што ќе значи новиот европски нон-пејпер за бугарските барања кон Македонија?

Евроамбасадорот Рокас со порака до Македонија – европскиот нон-пејпер за Западен Балкан е обид за забрзување на процесот на пристапување. Ова следува еден ден по веста дека владите на Берлин и Париз во заеднички документ се залагаат за први чекори во интеграцијата уште пред полноправното членство.

Според документот, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и со испраќање набљудувачи во европските институции.

На иста линија со ова е и денешната изјава на евроамбасадорот Рокас, кој отфрла дека сето тоа е еден вид политичка утеха за Западниот Балкан.

„Пред сè, разговорите во Тиват сè уште се во тек, така што не можам да кажам каков ќе биде исходот од документот на Мерц и Макрон. На ова гледам повеќе како иницијатива за елиминирање на бирократијата и процедурите во процесот на пристапување кон Европската унија, кој секогаш е многу сложен. Постои обид да се забрза процесот, постои обид Западен Балкан постепено да се интегрира во ЕУ, со многу предлози и мерки, додека во исто време продолжува и редовниот процес на пристапување“, изјави Михалис Рокас, шеф на делегацијата на ЕУ во РС. Македонија. 

Дел од невладините предупредуваат дека постепената интеграција во ЕУ може да создаде „сива зона“ за земјите од Западен Балкан, без јасна перспектива за полноправно членство. Го отвораат клучното прашање – дали ваквиот пристап навистина води кон Унијата или само го одложува вистинското пристапување.

„Ризикот е реален. Доколку не постои јасна временска рамка и политичка гаранција дека постепената интеграција води кон полноправно членство, може да се создаде траен модел на „чекалница“ во која државите ќе бидат делумно интегрирани, но без право на одлучување. Сепак, доколку постои консензус на европско ниво за ваква промена во политиката на проширување, се сомневам дека ќе значи и наше избегнување на обврските од рамката од 2022 година. Не очекувам дека Бугарија би се согласила со едно такво наше постепено приклучување без формално да ги отвориме преговорите и да почнеме да отвораме поглавја и кластери“, вели Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стратегии. 

Германскиот канцелар Мерц претходно изјави дека се потребни нови идеи и поголема флексибилност во процесот на проширување на ЕУ и предложи постепена интеграција на шесте земји од Западен Балкан, како и придружно, условено членство за Украина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Дејан Дејан

Ќе се отвори ли конечно „Маркова Нога“, ова  е сепак Балкан вели за роковите евроабмасадорот Рокас

Дејан Дејан

Уставни измени и внесување на Бугарите – Радев со порака до „браќата“ од Северна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе