Вести Свет Топ вести

(Видео) Едно лице загина, седум тешко повредени – експлозија во фабрика на МОЛ

Едно лице загина, а седум се повредени во експлозија во фабрика на унгарската нафтена компанија МОЛ што се случи претпладнево.

„Дојде до експлозија за време на рестартирање на постројката Олефин 1 на локацијата МОЛ Петрохемија во Тисаујварош. Пожарот е локализиран, моментно во тек е интервенција. Инцидентот резултира со неколку тешко повредени и еден смртен исход. Стручњаците ги истражуваат причините за несреќата“, посочија од МОЛ.

МОЛ Петрохемија е хемиски центар на групацијата кој произведува етилен и пропилен, користејќи нафта и дизел масло кое потоа се преработува во полиетилен со ниска, средна и висока густина и полипропилен.

Полиетилен е најчест вид на пластика, додека полипропиленот има широк спектар на примена и се користи во технологијата на пакување, во текстилната индустрија, во производството на канцелариски материјал, за лабораториски и автомобилски опреми, итн.

Фото: agronaut/X

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Судиите поротници денеска на протест-сите расправи се откажуваат

Kristina Kuzmanovski

Американец се повредил при слетување со параглајдер во битолско Породин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе