Спорт Фудбал

Анчелоти го врати Нејмар: Бразил со најдобриот стрелец во историјата оди на СП 2026

Нејмар ќе игра на своето четврто Светско првенство во дресот на Бразил, откако селекторот Карло Анчелоти го вклучи во составот за претстојниот турнир во САД, Мексико и Канада. Напаѓачот на Сантос последен пат настапи за „кариоките“ во 2023 година, а по долг период со повреди, сега повторно доби шанса во националниот тим.

Изминатите неколку години Нејмар имаше сериозни проблеми со повредите, но по враќањето во Сантос успеа да фати континуитет и да ја подобри физичката подготвеност. Тоа беше доволно за Анчелоти да му укаже доверба и да го стави на списокот за Мундијалот, што предизвика воодушевување кај бразилските навивачи.

За Нејмар, кој е најдобар стрелец во историјата на Бразил со 79 голови, ова ќе биде четврто Светско првенство во кариерата, по настапите во 2014, 2018 и 2022 година.

Бразилскиот напад ќе го предводат Винисиус Жуниор од Реал Мадрид и Рафиња од Барселона, а во тимот се и Матеуш Куња, Бруно Гимараеш, Касемиро и Лукас Пакета. Во офанзивниот дел место добија и Ендрик, Игор Тијаго, Габриел Мартинели и младиот Рајан.

Изненадување е изоставувањето на напаѓачот на Челси, Жоао Педро, кој имаше одлична сезона во Премиерлигата, но сепак не се најде меѓу избраниците на Анчелоти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Бизарна повреда на Хендерсон: Не играше против Мексико, а можеби го заврши Мундијалот

Sportska Redakcija

ФИФА ја шокираше Белгија: Преседан каков што не е виден од 1962 година

Sportska Redakcija

(Видео) Нејмар во солзи се прости од Бразил – Почна и заврши на истото место

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе