Архитектурата на идното глобално уредување ќе ја прават Пекинг, Вашингтон ио Москва, рече Дејан Андоновиќ, новинар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Со тоа што Пекинг има подобра позиција, сè уште не е влезен во војна. Иран има големи оштетувања, но имаат и Американците и Русите, бидејќи не можат да надокнадат оружје, ракетим проектили… Тоа се троши, а не се произведува туку-така. За тоа треба ресурси. И затоа велам, доколку останат овие администрации, ќе се оди на таа варијанта на овие три столба на идната архитектура, на идното глобално уредување да се направи. Во спротивно, може да дојде до целосна анархија, што никој нема да сака да ја дозволи“, смета Андоновиќ.
С.Д.
